Skip to main content

Balkan Hiking Adventure

Денес во Охрид ќе биде промовиран новиот туристички производ од областа на планинскиот туризам „Balkan Hiking Adventure“ (BHA).

logo

cyclingДенес во Охрид ќе биде промовиран новиот туристички производ од областа на планинскиот туризам „Balkan Hiking Adventure“ (BHA).

Туристичкиот производ „Balkan Hiking Adventure“ е креиран во текот на 2015 година со поддршка на Германското Друштво за меѓународна соработка – GIZ, преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија – БМЗ, со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион.

Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јаблница, Галичица и Баба од кои 8 патеки се трансационални. Со погранично поврзување преку зелени премини производот станува регионален и овозможува при една посета да се доживеат три земји: Македонија, Косово и Албанија. Патеките можат да се користат како еднодневни тури или да се комбинираат во повеќедневен активен одмор. Во производот се вклучени и сместувачки и угостителски објекти вдолж патеките како и места од интерес поврзани со богатото културно и природно наследство на регионот.

Покрај идентификацијата и бележењто на патеките, со цел да се подобри квалитетот на понудените услуги GIZ поддржа реновирање и опремување на 8 селектирани објекти како и обуки за понудувачите на туристички услуги. Воедно 15 млади луѓе од поширокиот регион се поддржаа со обука за професионални водичи во планина по меѓународниот IML стандард.
Во креирање на производот беа вклучени бројни чинители, активни во сегментот на планински туризам од локално, регионално и национално ниво, мешу кои и „Церн Камен“ од Вевчани и алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид. За потребите на BHA и креирање на нова регионална понуда за планински туризам, воспоставена е соработка на експерти за планински туризам од Македонија, Албанија и Косово, како и погранична Координативна група. BHA на пазарот ќе се презентира и промовира преку: водич, 6 мапи за патеките поделени по планински масиви, телефонска апликација за Андроид и iOS платформа како и веб страна.