Skip to main content

Оли Рен ќе ги мири Словенија и Хрватска

Европската унија очекува Словенија и Хрватска да ја прифатат понудата за посредување во граничнииот спор кој ја успори Хрватска на патот кон приклучување кон Унијата, изјави синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен.

 |  Крсте Голабовски  | 
znaminja
знамиња
Европската унија очекува Словенија и Хрватска да ја прифатат понудата за посредување во граничнииот спор кој ја успори Хрватска на патот кон приклучување кон Унијата, изјави синоќа еврокомесарот за проширување Оли Рен.

„Сите претходни обиди во последните 18 месеци пропаднаа и не гледам какво било друго одржливо решение и затоа очекувам потврдни одговори од двете земји“, рече Рен.

Oli RenТој рече дека не гледа зошто едната или другата земја априори би одбила ваков вид на посредување на Европа „која просто цели кон решение на граничниот спор меѓу двете земји и деблокада на процесот на преговори за пристапот на Хрватска кон Унијата“.

Еврокомесарот изрази надеж дека посредувањето ќе придонесе Хрватска да ги заврши техничките преговори за членство во ЕУ до крајот на годинава.Словенија ја прифати понудата на ЕУ, додека Хрватска соопшти оти одлуката ќе ја донесе до понеделник.

 

{loadposition content9}