Експлозија на аеродромот во Истанбул
Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ
Во експлозијата која се случила минатата ноќ на аеродромот Sabiha Gocken во Истанбул настрадале две лица задолжени за чистење на авионот на Pegasus, но причината за експлозија засега не е позната, соопштила авио-компанијата.
Авиопревозникот соопшти дека експлозијата се случила околу два часот по полноќ, кога во близина немало никој и се случила во делот за оддржување на авионот повредувајќи притоа два члена на одделот задолжен за чистење на авионите.
Полицијата опремена со заштитни прслуци и пушки воспостави безбедносни мерки на влезовите на аеродромот и истовремено ги проверувала возилата во поширокото подрачје околу аеродромот, додека хеликоптер го надлетувал реонот, јави турската агенција Anadolia.
Како што јавува агенцијата, двајцата повредени се наоѓаат во болница, а еден од нив се здобил со потешки повреди.
Официјален претставник на аеродромот во кратка изјава рекол дека нема пореметувања во полетувањата и слетувањата на авионите и дека се истражуваат причините и околностите за инцидентот.


