Skip to main content

Струга сеуште не е декорирана за најлудата ноќ

Во Струга досега не светна ниту една новогодишна декорација. Останува неизвесно дали тоа воопшто ќе се случи до најлудата нок и покрај високата сума на средства кои локалната ги издвои за декорација на градот.

 |  Николоска Биљана  | 

Новогодишни сијалички во Струга светат само на приватните балкони. Општината сеуште не се зафатила со украсување на градот. Како што веќе информиравме, за декорација на градот, Советот на општина Струга ја изгласа програмата, во која само за оваа намена беа одобрени средства во висина од 900 000 денари. Струшките советници сепак не губат надеж. Народните избраниците од СДСМ сметаат дека и покрај нивниот скептицизам околу целосната реализиација на оваа програма со оглед на високите средства кои беа издвоени за оваа намена околу  50 000 евра, одговорните ќе смогнат сили за да ја реализираат.

„Ние се надеваме дека до Новогодишните празници надлежните во општинската администрација ќе го направат своето и дека Струга ќе биде украсена со оглед на тоа што претендира да прерасне и во туристички центар и да привлекува туристи и за време на Новогодишните празници а не само во летниот период“ – вели Велкоска Глигороска.

Според неофицијални информации до кои дојде ТВМ, причина поради која се доцни со новогодишно декорирање се неодамнешните настани поврзани со неколкуте убиства, така што надлежните сеуште размислуваат дали Струга да блесне или средствата да бидат пренаменети за некои други намени. Оваа информација не ја потврдуваат струшките социјалдемократи.

„До нас како советничка група и до мене како претседател на Комисијата за одбележување за Новогодишните празници таква информација не е стигната значи не можам да потврдам дека се работи за пренамена на средствата. Според нашите информациизнаеме дека постапката за украсување на градот и спроведување на програмата е во тек, значи немаме никакви повратни информација“.

Инаку како што информираше Велкоска Глигороска единствено нешто што е реализирано од програмата за одбележување празници се финансиските средства предвидени за дочек на Новата година на членовите на Советот на општината. Советниците на СДСМ од Струга тие средства ги донирале на семејствата кои се под социјален ризик.