Skip to main content

Google тестира систем на пријавување без лозинка

Наскоро за Google профилот нема да е потребна лозинка

 |  инфодеск  | 

Компанијата потврди дека тестира нов логин систем без лозинки кои на корисниците ќе им овозможи пријавување на Google профилот по пат на телефоните.

Ова го открил еден корисник на Reddit кој добил покана за тестирање на новите можности, а исто така, поставил и скрин-шот за да докаже дека Google навистина работи на новата опција.

За да може да се користи оваа функција ќе мора да се поседува компатибилен телефон на кои ќе треба да се сетираат опциите. Откако тоа ќе се направи, опцијата ќе биде овозможена. Така во иднина кога ќе сакате да се пријавите на својот Google профил од било кој друг компјутер или уред, ќе треба само да се впише меил адресата и да се пријавите. Секако, ако сакате за пријава и понатаму да користите лозинка оставена е и таа можност.

“Повикавме мал број на корисници да помогнат во тестирањето на новиот начин за пријавување, за кој нема да е потребна лозинка”, рекол претставник на компанијата и додал дека опцијата се тестира на Android и iOS платформите.