Skip to main content

Изградбата на градската марина повторно се актуелизира-објавен јавен оглас за идејни решенија

Министерството за транспорт и врски го објави огласот за изработка на идејни решенија. Како можни опции се бараат или изградба на комплетно нова марина кај каналот Студенчишта или надградба и адаптација на градското пристаниште.

 |  Мишел Наумоски  | 
marina

Министерството за транспорт и врски објави јавниот оглас за прибирање на идејни решенија за изградба на градската марина во Охрид. Во огласот, Министерството бара идејни решенија за двете можни опции односно изградба на потполно нова марина во близина на каналот Студенчишта, или пак надградба на градското пристаниште со потребните елементи како истото би прераснало во марина. Капетанот на Капетанијата на пристаништата на Република Македонија, Горан Устијаноски, кој воедно е член и на жири комисијата која ќе ги оценува идејните решенија кои ќе пристигнат на конкурсот вели дека откако ќе бидат прибрани истите,

gradska marinaМинистерството заедно со општина Охрид ќе направи избор во зависност од  тоа дали ќе се реализира првата опција, односно изградба на нова марина кај каналот или надградба на градското пристаниште.

“За марината една од локациите која што е наведена во јавниот оглас е локацијата кај каналот “Билјанини Извори”, но во самото езеро, и нормално во условите кои што се наведени во самиот оглас, тоа е една комплетна и комплексна целина за марина, односно идејното решение треба да ги содржи сите оние пропратни објекти кои што се таму наведени од типот на бензиска пумпа, портален кран, административна просторија и така натаму. Идејното решение повторно велам треба да ги содржи сите тие елементи.”-вели Горан Устијаноски-Капетан на Капетанија на пристаништата на Р.М.

javen oglas idejni resenijaДоколку пак пристигнатите идејни решенија покажат дека порационална и подобра е опцијата за надградба на градското пристаниште, капетанот Устијаноски вели дека таа надградба би опфаќала пред се изградба на двата неопходни краци за да биде затворено пристаништето, а со тоа заштитени и пловните објекти и истото би прераснало во една комплетна и функционална целина. Што се однесува пак на можната употреба на понтони за градската марина, Устијаноски појаснува дека истите би се користеле единствено за внатрешното уредување во рамки на марината. Инаку сите заинтересирани изработувачи на идејни решенија за изградба на градската марина имаат рок за доставување на своите решенија до 29 јануари 2016та година или нешто повеќе од месец дена. Трите најдобри идејни решенија по ранг ќе добијат и парични награди во висина од 120 илјади денари за првото место, 100 илјади за второто и 80 илјади за третоизбраното идејно решение.

Во огласот, од изработувачите се бара иновативност и оригиналност, изводливост на решенијата, пристапност на локација за лица со посебни потреби, вид и квалитет на материјалите и нивна трајност какко и читливост на идејата за проектот.