Skip to main content

Дружба, разговор и свечен ручек за лицата со посебни потреби од Охрид и Струга

Одговорните лица од здруженијата велат дека ова е еден мал гест за овие лица да се почувствуваат како рамноправни граѓани, но и да ја почувствуваат магијата на престојните празници.

 |  Мишел Наумоски  | 
invalidi rucek

Дружба, разговор, смеа и празнична атмосфера. Штитениците од здруженијата на лица со посебни потреби од секаков вид од Охрид и Струга денес на предновогодишен ручек во хотелот Даљан. Одговорните лица од здруженијата велат дека целта им е за своите штитеници да почувствуваат предновогодишна атмосфера и да се почувствуваат како подеднакво значаен дел од општеството.

zdruzenija invalidi rucek“Ги тргаме од нивната секојдневност, да направиме нешто за нив да се почувствуваат рамноправни граѓани, да почувствуваат дека на нив се обрнува внимание, да почувствуваат дека ни претстои некој голем празник, и со тоа да ја почувствуваат радоста на животот. Нашите здруженија во текот на наредните денови исто така ќе доделат и новогодишни пакетчиња во очи Нова Година и со тоа овие лица ќе ја почувствуваат магичноста на Новата Година.”-вели Славчо Џајкоски од Здружението на слепи лица од Охрид.

Инаку денешниот свечен ручек здруженијата го финансираат благодарение на средствата собрани на приредбата “Инклузивна уметност” која тие ја организираа, а во која штитениците имаа подготвено театарски претстави, музички смотри и пантомима.