Skip to main content

Дигиталните панорамски снимки на забите-важна дијагностичка алатка за стоматолозите

Ваквите снимки се добиваат брзо, имаат висока резолуција, можност за зголемување и бистрење на снимките што е од голема полза при поставувањето на стоматолошката дијагноза.

 |  Мишел Наумоски  | 
panoramski snimki

Дигиталните панорамски снимки на забите клучен елемент во поставувањето на точна стоматолошка дијагноза. во ерата на дигиталната револуција, дигиталната панорама според стоматолозите е навистина дострел во стоматологијата. Правилната дијагноза според д-р Емилија Стојаноска до стоматолошкиот центар “Д-р Баткоски” овозможува за правилен избор на третман и примена на правилна терапија а со тоа и постигнување на крајната цел на излекување на пациентот. Предностите на дигиталната панорама според д-р Стојаноска се бројни. Од неограничен број на снимања поради употребата на минимални дози на икс зраци, брзината на изготвувањето на панорамите, можноста за испраќање на снимките по имејл, снимање на цд со што се крати времето и на поставување на дијагноза на пациентот.

digitalna panorama“Сликите кои што се добиваат се со многу повисока резолуција од стандардните снимки. Опциите на самата програма, на софтверот Carestream CS 8100 панорамата која што ја имаме се големи, но можност за дополително зголемување на сликата, за исчистување на сликата, зумирање, вршење на премерувања, на структурите кои сакаме да ги измериме и едноставно работата е олеснета со дигиталните панорами.”-вели Д-р Емилија Стојаноска-стоматолошки центар “Д-р Баткоски”.

Д-р Стојаноска вели дека никаде во светот не се почнува со третман доколку не се знае актуелната состојба во усната шуплина на пациентот. Оттука според не важно е доследно да се следат процедурите на дијагностицирање на пациентот.

carestream cs 8100“Во нашата ординација внимаваме да се држиме до еден протокол на работа, а тоа би било прием на пациентот, анализа на актуелната состојба во устата, применување на дијагностички постапки доколку е потребно. Тоа се малите ретроалвеларни снимки за снимање на поединечен заб, или доколку е потребно снимање на цела панорама, правење на анализа на направените снимки, и поставување конечно на една крајна дијагноза, после која пристапуваме кон терапија на пациентите, и онаа финална цел на правилен третман и решавање на проблемите.”-рече таа.

Она што се гледа надворешно на забите, според д-р Стојаноска е само 20 % од она што се случува во усната шуплина, оттука навистина е честа и широка примената на дигиталната панорама при поставувањето на дијагноза на пациентите. Голем дел од проблемите со кои се соочуваат пациентите се случуваат внатре во забната коска и единствен начин на дијагноза е со употреба на ваквата дигитална панорама.