Завршен хепенинг на дечињата од Јасна Ристеска
Околу 380 дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, учествуваа на завршниот хепенинг на градскиот плоштад. Тие, со многу музика, песни и игра, на своите сограѓани им посакаа среќа и успех во следната година. Исто така упатија порака и до дечињата кои не одат во градинка преку една прекрасна забвава да ги привлечат и нив во занималните.
Не постои поубаво чувство од искрена детска насмевка. Дечињата од Охридската градинка „Јасна Ристеска“ и годинава на градскиот плоштад се забавуваа, пееја, играа. Малите Дедо Мразовци, принцезата Елса, самовили, срнички, беа најчестите ликови кои ова пладне можеше да ги регистрира нашата камера. Неколку нивни слатки зборови и инсерти навистина ќе ви ги стоплат срцата.
Денешниот ден е посветен на среќата , радоста и убавината, вели директорката Розе Костеска. И таа денес заедно со сите дечиња учествуваше на завршниот хепенинг.
„Како што доаѓа од година во година желбите на децата се интересни. Нешто повеќе се врзуваат за технологијата она што прерано за да го имаат како малечки дечиња. Многу помалку се врзуваат за обичните играчки, кој што ние сакаме повторно да ги вратиме назад во занималните во градинките и во семејствот. Се надевам дека во соработка со родителите ќе успееме да им ги исполниме оние желби кои што се реални“
Покровител на денешниот настан е општина Охрид, заедно со секторот за култура и за образование. Децата во мал временски период се подготвиле за сите настани поврзани со предновогодишното празнување, а исто така изработиле и честитки и други украсни предмети, така што средствата собрани од продажбата ќе бидат наменети за децата од ранливите категории.