Skip to main content

Лидерот на Исламска држава најави напади на Израел

Abu Bakr al-Baghdadi повикува на побуна во Саудиска Арабија

 |  инфодеск  | 

Лидерот на Исламска држава, Abu Bakr al-Baghdadi, повика, во аудио порака објавена во саботата, на побуна во Судиска Арабија и вети напади на Израел, пишува британски Telegraph.

Станува збор за негова порака во последните седум месеци, а објавена е на социјалните мрежи Twitter, објави американскиот портал за следење на џихадистичката мрежа Site.

Пораката е објавена во моментите кога Исламска држава трпи порази во Сирија и Ирак. Во пораката, долга 24 минути, Baghdadi ја критикува големата коалиција од 34 држави која на 15 декември ја формира токму Саудиска Арабија со цел “борба против тероризмот”.

“Неодамна објавија формирање на коалиција (…) погрешно наречена “исламска” и утврдија дека целта е борба против калифатот”, кој го прогласи Исламската држава на подрачјето на Сирија и Ирак.

“Ако таа коалиција е исламска би донела победа и би помогнала на народот во Сирија”, истакнал Baghdadi. Тој во пораката ги повикува Саудијците да се побунат против своите лидери, а истовремено нагласува и дека ќе го нападне Израел, истакнувајќи дека Исламската држава ниту во еден момент не ја заборавила Палестина.

Baghdadi прв и последен пат се појави во јавност во летото 2014 година во Мосул.