Поевтинија и бензините и дизел горивата
Бензините од полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензините од полноќ поевтинуваат за еден, а дизелот за три денари – одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава за 61 и пол денар, а ЕУРОСУПЕР 98 за 63 и пол денари. Новата цена на дизелот ќе изнесува 43 и пол денари.
Екстра лесното масло за домаќинство поевтинува најмногу, за 3 и пол денари и од полноќ ќе чини 32 денара за литар. Цената на мазутот исто така се намалува и килограм ќе чини 15,969 денари.
Регулаторната комисија за енергетика објави дека новата цена на горивата е резултат на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар за речиси 10% и понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.