Skip to main content

Охриѓани за Новогодишната ноќ, дома и на плоштад

Новогодишните и Божиќните празниците се ближат, но кој како ќе ги помине е прашање на кое со точност не може да се одговори. Охриѓаните кои ТВМ ги анкетираше секој со својата приказна. Некој со повеќе, некој со помалку, празниците ќе дојдат и ќе поминат. Остануваат само желбите на оние, на кои  Дедо Мраз не им ги исполни, и се разбира главоболките, како да се помине првиот месецот во Новата 2016 год со тоа што останало.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Празниците тропаат на врата. Пречекот на Новата година е време кога сите си посакуваме најубави желби. По некое не пишано правило, често на прво место посакуваме добро здравје, а потоа љубов, слога, мир, за повеќето вработување, а се тоа зачинето со „ нешто повеќе пари“. Повеќе пари не е нескромна желба, бидејќи добро е познато дека парите може да направат многу, пред се да го олеснат патот за остварување на останатите желби.
Анкета

„За Нова година останувам дома, новогодишна трпеза и тоа. Во Новата 2016 година посакувам добро здравје на сите“. „Со жена ми ќе одиме во соседна Албанија таму планирам да останеме 3 дена“. „Ќе одам во Малта“, вели друг наш сограѓанин. Во Новата посакувам повисоки плати.„Со моите деца ќе бидам на градскиот плоштад“

Магијата на празниците е таа што носи барем малку радост во домовите, но таа не може да ги реализира и желбите. На празничните денови најмногу се радуваат најмалите, а Дедо Мраз традиционално е задолжен таа магија да ја пренесе насекаде. Најдобриот Дедо треба да ги направи децата среќни, дури и кога буџетот на родителите е тенок. Но за разлика од нив, возрасните треба да глумат среќа, која е малку поматена во обезбедување на средства како би можеле да ги исполнат желбите на децата што му ги шепнуваат на Дедо Мраз или пак ги пишуваат во нивните писма.

Има и такви охриѓани оние што порано работеле во некогашните фабрики и добро се сеќаваат кога дома се враќале со најразлични подароци за нивните деца, големи и богати пакетчиња и сето тоа на сметка на фирмата. Денес Охрид не може да се пофали со вакви фирми.  Сепак, треба да се споменат и оние кои просекот го расипуваат бидејќи не се соочуваат со финансиски проблеми. За нив луксузот е секојдневие. Но нив ги има се помалку. Сепак останува да се надеваме дека новата година во нашиот град ќе донесе малку повеќе магија, која ќе донесе нови инвестиции и луѓето ќе може да заработуваат, а и да си ги исполнуваат нивните желби.