Skip to main content

Apple повторно го тужи својот најголем конкурент Samsung

Нова тужба – Apple од Samsung бара дополнителни 164 милиони евра

 |  инфодеск  | 

Новата тужба е поднесена само нешто повеќе од седум дена откако Samsung на Apple му плати 500 милиони евра поради кражба на патенти и дизајнот на iPhone.

Во тужбата претставниците на Apple тврдат дека Samsung должи дополнителни 164 милиони евра во  рамката на тужбата за користење на нивните идеи, а побарувањата се однесуваат на пет уреди од Samsung кои беа продавани од 2012 година.

Долгогодишната судска парница помеѓу овие два џина започна во 2011 година кога Apple ја тужеше јужнокорејската компанија за кражба на изгледот на iPhone и нивните патенти. По пресудата во 2012 година, Samsung мораше да плати сума од 848 милиони евра.

Пред Apple и Samsung се нови судски битки, а следно појавување пред суд ќе биде во март 2016 година. Исто така, Samsung смета дека Apple е преплатен за својот фронтален дизајн на iPhone и изгледот на иконите, што на американскиот суд му е упатено во облик на жалба, пишува Verge.