Новогодишни лампиони од СВР Охрид за возачите
Денес од секторот пријатно ги изненадуваа возачите во близина на градскиот плоштад. Оваа активност на СВР Охрид веќе станува традиција на преминот од старата во новата година.
Изненадување за возачите во последниот ден од 2015та година. Денес од секторот за внатрешни работи со веќе традиционалниот празничен гест на подарување новогодишен лампион на возачите на моторни возила. СВР Охрид, лампиони подаруваше на кружниот тек во непосредна близина на градскиот плоштад.
„Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со македонскиот полициски синдикат, на најсимболичен начин со подарување на еден лампион новогодишен, ќе им ја честита Новата 2016та година на охриѓани и секако на сите туристи кои што се наоѓаат во Охрид и секако тука ќе ја прослават новогодишната ноќ. На овој начин, сакаме како полиција да им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува.“-вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Инаку овој веќе традиционален настан СВР го реализира во соработка со полицискиот синдикат.