Почетокот за Windows 10 оперативниот систем беше силовит и во првите четири недели е инсталиран на 75 милиони персонални компјутери, а за десет дена подоцна таа бројка се зголеми на повеќе од 110 милиони. Но, иако неговиот удел на пазарот продолжи да расте сепак крајот од 2015 година остана под 10% од целокупниот удел на пазарот.
Имено, спрема последниот извештај кој го објави компанијата NetApplication, Windows 10, 2015 година ја заврши со 9,96% удел на пазарот, а далеку најпопуларен и по многумина најдобар оперативен систем од Microsoft на сите времиња е Windows 7 и e недопирлив е на прво место со 55,68% од уделот на пазарот.
Тоа и не е некаков проблем за Windows 10, кој несомнено ќе постане втор најпопуларен ОС, но првенствено од причина што самиот Microsoft ќе настојува да ги натера своите корисници да го употребуваат.
Она што е посебно впечатливо во овој извештај е податокот дека “мртвиот Windows XP” сеуште е попопуларен од Windows 10 и неговиот удел на пазарот е 10,93%.
Комбинацијата Windows 8 и Windows 8.1 застана на 13,06%, но сигурно е дека оваа бројка ќе се намалува аналогно на зголемување на Windows 10.
Microsoft секако и понатаму може да биде спокоен што се однесува на глобалниот пазар бидејќи нивните оперативни системи вртат 91,32% од светските компјутери, MAC OS е на 7,02%, додека некои од Linux дистрибуцијата користи 1,66% од корисниците.