Судбината на Галичица се решава на празници!
Измените во Планот за управување со Националниот Парк Галичица, со цел изградба на ски-центар, експресен пат и туристичко-развојни зони во Отешево, Стење и Љубаништа, се петте развојни проекти со кои ќе се наруши досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина, смета невладиниот сектор. Измените, кои се задолжение од Владата за Националниот парк, денес беа образложени на јавна расправа, но истите наидоа на голем отпор од граѓанските здруженија.
Судбината на Нкционалниот парт „Галичица“, да се решава меѓу Новогодишните и Божиќните празници претставува провокација. Ваквата критика доаѓа од граѓанската иницијатива СОС од Охрид, и воопшто од невладиниот сектор, кои на денешната јавна расправа околу измените во Планот за управување со Националниот парк Галичица и реализацијата на 5-те проекти во рамки на строго заштитената зона во националниот парк, се одзваа во голем број. Борка Ковачевиќ, консултант на НП Галичица, пренесе дека стратешката оцена е изработена од ГИМ и ревидираниот извештај кој денес беше презентиран во просториите на НП Галичица, претставува документ во кој од еден стратешки аспект се оценети влијанијата на развојните проекти, односно влијанијата предизвикани од измени на зонирањето на паркот.
„Се предлага да се применат мерки без нето загуба развиени од странски експерти кои работеле во тимот подоцна, се предвидува сите проекти да изработат проекти за оцена на влијанието врз животната средина сите тие мерки да се применат како и кажува колку има негативни влијанија и кои проекти не би требало да се развиваат. Љубаништа и Стење и да се преанализира проектот за втората делница од патот. Љубаништа3 се наоѓа локацијата на изворот Св Наум, Стење блатото е посебен еколошки систем кој е зона на строга заштита и не може да се надомести бидеќи нема таков друг систем и изворите на Св. Наум се ненадоместливи.
Илина Арсова од граѓанската иницијатива Охрид СОС имаше забелешки кон недоволната тренспарентна комуникација со јавноста од страна на изготвувачите на Измените во Планот за управување со Националниот Парк . Тие 6 месеци чекале одговор на прашањата од претходната јавна расправа во врска со Измените во Планот за управување со Националниот Парк. Исто така прашање упатиле и до Европската банка за обнова и развој, дали банката поддржала ваков проект во друга земја во Национален парк. До ден денес немале одговор и покрај тоа што сакале да дознаат дали банката е свесна за својата репутација во што се впушта со учество и поддршка на еден ваков проект во НП каде што постои опасност од истребување на ендемични видови, категорична Арсова.
„Во новата ревидирана студија ние не можеме да ги забележиме промените, но секако би се навратила на основните работи, која е таа временска рамка дали прво ќе се имплементираат компензаторските мерки и ќе почнеме уште утре да ги садиме тие дрва што ќе ни бидат во загуба или ќе сечеме шума и ќе правиме патишта па после тоа….ние не знаеме како тие компезаторски мерки ќе бидат имплементирани и како природата на нив ќе одговори“.
Бројни беа забелешките на речиси сите претсатавници на невладиниот сектор.
Од невладиниот сектор нагласија дека во ниту еден случај не се против развој, туку тие сакат да се промени пакетот, односно да понудат алтернативен туризам кој ќе опстанува преку цела година, наместо краткотраен масовен туризам.