По празниците ќе се постават светилки на нови улични места
По празниците ќе се постават светилки на нови улични места.
На охридските улици привршува замената на живините светилки со новото лед осветлување. Фирмата задолжена за одржување на градското јавно оствелување ги почитува текот и динамиката за замена на старите со нови светилки кој произлегуваат од одредбите од договорот за јавно приватно партнерство за модернизација на градското осветлување, напоменува Љупчо Танески портпролто на Секоторт за комунални дејнсоти при оптштина Охрид.
„ Дневно се менуваат повеќе од 100 светилки во различни делови од градот. Се изврши официјално примопредавање на новото осветлување по селските средини, а во план е монтирање и на нови улични места со нови лед светилки,“ вели Танески.
Временските услови беа во прилог на модернизацијата на уличното осветлување. Веднаш по парзниците се очекува да отпочне и поставување светилки и на нови улични места.
„ Бројот на замената на уличните светилки е повеќе од 6000, а на територија на Охрид има повеќе од 7600 светилки. Оваа бројка ќе биде надмината затоа што надвор од физибилити студијата не биле евидентирани дополнителните светилки, а кои јавниот партнер има слух да ги замени“, вели Танески.
Во планот на договорот за модернизација на јавното осветлување се планирани да се постават 620 нови улични места. Дополнително ќе бидат поставени 120 нови јавни осветлувања на улиците низ стариот дел од градот.