Skip to main content

Охрид на трето место во државава по висината на метар квадратен за недвижност

Охрид  на трето место во државава по висината на метар квадратен за недвижност.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

охридВо Охрид просечната цена за  метар квадратен недвижност изнесува  29.958 денари или околу 480 евра. Ова се  податоци на Агенцијата за катастар на недвижности до крајот на септември 2015 година.  Со овој просек Охрид се најде на трето место во државава според цената на метар квадратен недвижност. На прво место е  Скопје каде просечната цена за метар квадратен површина  изнесувала 51.870 денари, или околу 840 евра,  а по главниот град  следува Битола каде метар квадратен изнесува 31.553 денари или околу 500 евра.

На пазарот со недвижности  во Охрид најчесто се нудат станови со површина од 50 квадратни метри, а  најбарани се  помалите станови со квадртура од 20 -30 метри квадратни, но за нив понудата е мала. Иста е  ситуацијата и со  луксузни пентхаус станови на крајбрежјето во туристичките населби. Малите викенд станови се посебно барани од  наши иселеници и македонци од внатрешноста. Најмал интерес за купување на станови има кај охриѓани.   Веднаш по становите од 50 м2 за продажба се нудат куќи и  деловни простори, а најмала понуда има на плацеви за градење за што Наташа Спасеска  Цветкоска од Агенцијата за недвижнини Капитал има обаснување.     

„ Процесот на урбанизација е доста бавен и нема соодветна понуда од таков тип. Најчесто се  бараат станови во вредност од 20.000 до 30.000 евра за викенд намена а има и голем интерес за првата линија на Кеј Македонија со поглед на Ох езеро и градот“, додава Спасеска Цветкоска.  

Во последните две години има стабилизрање на пазарот со недвижности подвлекува  Спасеска Цветкоска. По падот на цените на недвижностите во 2012 година во   2014 и 2015 имаше стабилен ценовен пазар, подвлекува Спасеска Цветкоска. Според податоците на  Државниот завод за статистика Охрид го зазема третото место во Македонија по бројот на изградени станови во 2014 година со 353 станови.