Бучна пропагандна одмазда на Јужна Кореја кон Северна Кореја
Поинаква одмазда која се случува на границата на двете Кореи
Јужна Кореја покрена бучна пропагандна кампања преку границата како одмазда поради овонеделниот тест на нуклеарно оружје на Северна Кореја, а САД ја повикаа Кина да го заврши досегашниот неуспешен пристап спрема својот сојузник Пјонгјанг.
Од ѕидови со звучници на 11 места долж милитаризираната граница помеѓу Јужна и Северна Кореја се емитува критика на режимот во Пјонгјанг како и корејска поп музика. Емисијата, која северот ја смета за навреда, последен пат кога беа користени доведоа до размена на оган.
Звукот од звучниците кои ги постави Јужна Кореја е толку силен што може да се чуе на 10 км во Северна Кореја во текот на денот, а на двојно поголемо растојание за време на ноќта, известила јужнокорејската агенција Yonhap.
Северна кореја ги зајакна своите воени сили на првата линија, а Јужна Кореја ја подигна воената готовност на највисоко ниво на местата каде се наоѓаат звучните ѕидови.
Сеул најави одмазда доколку Северот ја нападне нивната опрема и ја зголеми приправноста на својата сајбер безбедност.


