Завршија геомеханичките истражувања на тлото важни за реконструкција на Кејот Македонија
Завршија геомеханичките истражувања на тлото важни за реконструкција на Кејот Македонија.
Заврши првата фаза од најавата за реконструкција на кејот. По должината на крајбрежниот појас завршија геоемхничкиет испитувања кои треба да ги дадат параметри за реконструкцијата на кејот Македонија, информира Љупчо Танески портпаролот на фондот за комунални дејности.
„ Во моментов се врши испитување на тлото во близина на кејот по што ќе се дадат насоките и параметрите на кој начин ќе бидат изведени градежните активности за реконструкција на кејот кој е планирано да се одвиваат од градското пристаниште до мостот Студенчишта“, напоменува Танески.
Од фондот за комунални дејности не откриваат кога би започнала реконструкцијата. Само нагласуваат дека по 15 дена се очекува да биде готов Елборатот, по што ќе следуваат останатите фази од реализација на проктот.
„ По завршувањето на на геомеханичките испитување на тлото на кејот Македонија ќе има официјална изјава за тоа кога ќе отпочне рекоснтрукцијатат и на кој начин ќе се изведува еден од највредните зафати на објект на територија на оптина Охрид“, вели Танески.
Геомеханичките испитувања на кејот општината ја чинат 350.000 денари. Додека пак целосната реконструкција на кејот од општинскиот буџет се планирани 35 милиони денари.