Skip to main content

Дoтраената инсталација причина за мрак на повеќе градски и приградски населби

Дoтраената инсталација  причина за мрак на повеќе градски и приградски населби.

 |  Валентина Неловска  | 

Граѓани пријавуваат дефекти на улично осветлување на неколку градски и приградски улици. Во делумен мрак се делови од улиците  АСНОМ, Булевар Туристичка, Горно и Долно Лакочереј се во мрак. Пријави   за дефект на осветлувањето стигнале  и во asnomОдделението за комунални дејности. Од таму уверуваат дека нивните служби заедно со екипите на јавниот приватен партнер веднаш ќе интервенираат. Дефектите се јавиле на уличните светилки каде што се заменети старите со новите лед светилки. Од Локалната уверуваат новите светилки се неспоредливо поквалитетни од живините и се со  гарантиран квалитет  од  50.000 до 100.000 работни часови.  
 
„ Најчесто проблем за ваквите дефекти е дотраената инсталација, но се решава екипите се на терен. Во постојана корелација и соработка сме се со јавниот приватен партнер и побрзо и поажурно се решава проблемот“, појаснува Танески.

Деновиве, во темнина потона  и половина од  Мостот на желбите. Фенерчињата кои во декември беа поставени на овој потег не светат.


kej„ На Мостот  на желбите автентичните фенерчиња беа уништени од вандали. Не станува збор за дефект туку се уништени и ќе се заменат уште во текот на овој работен ден“, напоменува Танески.

Танески повикува  сите дефекти граѓаните да ги пријавуваат и до службите на јавниот приватен партнер и до нивното одделение во Локалната  самоуправа. Повиците може да ги прават   на телефонот 046 26 00 11 , како и  на бесплатниот телефон 0 800 88 800 во било кое време.