Од Хотам очекуваат голем број гости за Вевчанскиот карневал
Од Хотам очекуваат голем број гости за Вевчанскиот карневал.
Охридските и струшките хотелиери оптимисти за посетеноста на нивните капацитети за Василица кога православните христијани ја празнуваат Нова Година. На охридското крајбрежје и во Вевчани се очекуваат од 30 до 50.000 гости од регионов и пошироко, најавува Крсте Блажески претседателот на Хотам. Хотелиерите во јануари очекуваат гости и за верскиот празник Водици.
„ Верските празници може добро да се направат маркетиншки и да привлечат поголем број на туристи. Очекуваме оваа година една убава посетеност, но за следната година подготуваваме и специјален материјал од каде што ќе очекуваме странски гости,“ напоменува Блажески.
Хотам со сите свои членки се вклучува за прославата на Водици со цел да привлечат што повеќе гости. Хотелиерите нудат поволни пакет аранжмани, а оптимисти се и за новата сезона 2016.
„ Во сезоната 2016 очекуваме зголемен број на гости и надминување на бројот на ноќевањата во споредба со 2015. Нов туроператор е Томас Кук кој влегува во охридско- струшкиот регион на Охридското езеро во првата година очекуваме да има зголемување на ноќевањата“ , вели Блажески.
Туристите кои доаѓаат преку Корендон, Туј, Томас Кук, Компас и другите помали туристички агенции нудат 7 дневни аранжмани за претстој на охридското крајбрежје.