Иницијатива за нова поштенска марка
Поштенска марка посветена на лицата со ретки заболувања. Иницијатор на оваа идеја е една од вработените во Македонски Пошти подружница Охрид. Иницијативата е прифатена и општо поддржана од сите правни и приватни субјекти во градов и веќе е проследена до Бирото за филателија, од каде се чека нејзино одобрување и пуштање во промет.
Иницијатива за нова поштенска марка. Вработена во Македонски Пошти подружница Охрид неодамна предложи идеја за излегување од печат на марка посветена на лицата со ретки заболувања. Оваа идеја прифатена е од првиот човек на охридската подружица Сејфула Хани, кој одма се зафти со работа и веќе оствариле средба со раководителот на Бирото за филателија.
„Бевме добро пречекани и добивме поддршка од нивна страна за нашата инициијатива, иако тој на наше општо задоволство се ангажираше новата марка да влезе во програмата за 2016 година, но поради огромната зафатеност со значајни датуми, немаше место за оваа година, така добивме поддршка и согласност тоа да биде во 2017год“ – вели Хани.
Реализацијата на иницијативата за излегување од печат на нова марка посветена за лицата со ретки заболувања е од посебно значење, бидејќи сепак потекнува од Охрид, не го крие задоволството од тоа Хани.
„Мислам дека…јас навистина сум задоволен бидејќи од нас потекнува иницијативата како една мала можност од наша страна, а другите работи потекнуваатг од самиот иницијатор. Кај раководителот бевме со претседателката и тие ни дадоа точни насоки како тоа да го бараме и како треба на светски ранг да изгледа таа марка“ – изјави Хани.
Инаку, Македонска пошта издава пригодни, редовни и доплатни поштенски марки од кои оние со каталошка вредност можат да се набават на филателистичките шалтери во главните пошти во Скопје, Битола и во Струмица, како и во продавницата за филателија во Охрид. Пригодните се јубилејни поштенски марки и се издаваат според програма одобрена од Владата на Рмакедонија, редовните марки циркулираат во секојдневниот поштенски сообраќај и имаат различна тематика – архитектура, етнологија итн. Доплатните марки се печатат со одлука на Собранието на Македонија, а доплатата на услугата е наменета за хуманитарни цели. За нивна изработка е одговорно Самостојната служба за филателија при Македонска пошта кое на годишно ниво издава од 27.000 до 30.000 поштенски марки.