Подгответе се за „ѕивра“ недела
Се поизвесно е дека во периодот од сабота па во текот на цела наредна недела се очекува значително заладување. Може слободно да се искорист фразата „зимата се враќа на голема врата“, пренесува интерент порталот „Метеопро“.
Се поизвесно е дека во периодот од сабота па во текот на цела наредна недела се очекува значително заладување. Може слободно да се искорист фразата „зимата се враќа на голема врата“, пренесува интерент порталот „Метеопро“.
Заладувањето ќе го очекуваме од сабота на пладне. Наутро сеуште ќе биде „до некаде“ топло. Токму ова заладување ќе биде еден од клучните фактори за снежните врнежжи кои се очекуваат овој ден и на пониските места. Се очекува формирање на снежна покривка низ целата земја. На пониските места реално е да се оочекива покривка од околу десетина сантиметри, а доста повеќе на повисоките места.
Во недела, облачноста останува, а сневрнежите од снег генерално ќе слабеат. Температурата, наутро во добар дел од земјата ќе има вредности околу -4°С. Преку ден максималната низ котлините ќе има вредности „ситно„ над 0°С.
Разведрувањето во понеделник и вторник ќе услови пад на минималната температура. Истата в о понеделник ќе се спушти до вредности околу -6°С низ котлините, додека вторник, од сега гледано, има шанса да биде исклучително студен наутро, со минимална температура низ котлините во границите од -10°С до -14°С, а на повисоките места и нешто под -15°С. Дневната температура во првите два дена од новата недела ретко каде ќе надмине 0°С, но ќе остане во границите од -3°С до 0°С низ котлините.
Значителни промени не се очекуваат до крајот на следната недела. Температурата, пред се наутро, „редовно“ ќе се спушта под -10°С, додека дневната температура останува во дијапазонот -3°С до 3°С.
Засега изгледа дека снежите врнежи во викендот пред нас ќе бидат најзначајните се до наредниот викенд.