Skip to main content

Драматично предупредување дека пристигнува нова финансиска криза

“Во пренатрупана сала вратата за излез е мала”

 |  инфодеск  | 

Инвеститорите би можеле да се соочат со катаклизмична година во која пазарот на акции би можел да падне за 20%, а цената на нафтата на 16 долари по барел. Предупредија економистите на Royal Bank of Scotland.

Истовремено тие до своите инвеститори им ја упатиле следната драматична порака: “Продајте сѐ освен најквалитетните обврзници! Овде станува збор за повраток на капиталот, а не за заработка на него. Во пренатрупана сала вратата за излез е мала”.

Тие наведуваат и дека денешната ситуација потсетува на 2008 година кога банкротира инвестициската банка Lehman Brothers што доведе до глобална финансиска криза. Овој пат за кризата би била виновна кинеската економија.

Пазарите на акции веќе на почетокот од годината се под голем притисок. Лондонскиот FTSE 100 индекс падна за 5% што е најлош почеток од 2000 година, а американскиот Dow Jones исто така имаше најслаб почеток досега.

Цената на нафтата на светскиот пазар нагло падна, воглавно поради стравот од преголемата понуда и премалата побарувачка на пазарот бидејчи Иран ќе почне да извезува нафта по укинувањето на санкциите. Моменталната цена на нафтата изнесува 31,18 долари што е најниска цена на нафтата од април 2004 година.

“Кина започна голема корекција на берзата која ќе покрене лавина. Ситуацијата стана опасна”, предупредил Andrew Roberts од Royal Bank of Scotland. Тој предвидува дека европскиот и американскиот пазар на акции ќе паднат помеѓу 10 и 20%. Слични предвидувања доаѓаат и од американската JP Morgan кои им советуваат на своите клиенти да ги продаваат акциите.

Morgan Stanley предвидува дека барел нафта би можел да падне на 20 долари, додека во Standard Chartered велат дека цената на нафтата би можела да падне дури и до 10 долари, пишува Guardian.