Зошто за краток период прегореа фенерчињата во Варош
Новопоставените автентични фенерчиња во стариот дел на градот, за брзо време, дел од нив прегореа, укажаа жителите на Варош. Тие преку нашиот медиум побараа одговор од надлежните да кажат на што се должи тоа.
Дел од автентичните фенерчиња кои пред нецел месец беа поставни на повеќе улички во Варош, Месокастро, Кошишта и Канео, не светат, забележуваат Варошани. Некои од нив сметаат дека фенерчињата не се поставени стручно бидејќи каблите на кои се поврзани биле ниско поставени и при врнежи од поголем снег би можеле да се навалат и да предизвикаат проблеми. Љупчо Танески од Секторот за комунални дејности сообраќај и улици тврди дека фенерчињата се стручно поставени по однапред утврдени фотометриски анализи.
„Се добива впечаток дека на дел од улиците посебно во населбата Канео и Варош се поставени пониско од претходните светла но станува збор за поставување на фенерите по однапред утврдени фотомерења и пресметки. Возможно е заради прегорување на форелите ки што беа изложени на врнежи од дожд, но уште денес екипи се упатија кон отстранување на дефектите и со цел фенерите повторно да засветат“.
Што се однесува до каблите, Танески вели дека до нив како Сектор не била стигната ниту една поплака и барање дека истите висат и дека се ниско поставени. Додаде, доколку има таква забелешка, граѓаните слободно можат да се обрата до секторот или до јавниот приватен партнер, со цел да се реши проблемот доколку постои. А што се однесува до идејата за поставување на каблите под земја, Танески со став.
„Конфигурацијата на теренот не даваше можност да се поставт каблите подземја, знаеме дека тоа е најдобар можен начин за заштита, бидејќи станува збор за карпест терен и улици од збиен тип кои не даваат можност тоа да се изведе“.
Инаку, како што веќе информиравме, минатиот месец во стариот дел на градот се вратија автентичните фенерчиња за јавно улично осветлување, на што наиде на позитивни реакции на охриѓани. Беа поставени вкупно 461 фенер, од кои 120 се на нови локации каде што досега немало улично освтелување, а биле доста посетувани од туристите.