Skip to main content

Од Тлер бараат начин како да се справат со нелегалните станоиздавачи во Охрид

Од Тлер  бараат начин како да се справат со нелегалните станоиздавачи во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
охрид

OhridТлер бара законски начини како да се спречи нелојалната конкуренција во приватното станоиздавање. Ствањето ред во плаќањето на туристичката такса ќе значи и повќе пари во општинската каса. Охрид ќе го следи примерот од Словенија и Хрватска каде што законски паушално се наплаќа туристичка такса. Тлер доставил Предлог измени на законот за такса за привремен престој. Ѓоко Апостолов од Тлер напоменува дека не станува збор за дополнителен данок туку за модифициран начин за плаќање на туристичка такса. Појаснува дека станува збор за посебна методологија со која ќе треба да бидат опфатени сите неризидентни објекти.

„ Под нерезидентни објекти се подразбираат не само оние лица кои се сопственици на објекти кои немаат лична карта на живеење во Охрид туку и сите лица  кои личната карта на живеење не е иста со станот кој потпаѓа под оваа категорија. Во овој случај со посебна методологија во која се локацијата, категоријата и бројот на легла, квадратура, се преиспитува годишен паушал на туристичката такса. На тој начин ќе се избегне  неплаќањето на туристичка такса и кај регистрираните и кај сите оние кои работат на црно, кои не се пријавени, а е евидентно дека се занимаваат со оваа дејност“, напоменува Апостолов.

охридВо однос на плаќањето на висината на туристичката такса професор Габриела Ракичевиќ од ФТУ кажа свое размислување дека и таа можност треба да се преиспита.

„ Сметам дека не е во ред да биде подеднаков износ  за овие во  приватните  сместувачки капацитети и хотелиерите. Плаќањето на  туристичка такса за еден голем правен субјект и за еден сопственик  со 1 до 2 легла, не може да биде линеарно.“ кажа Ракичевиќ.
 
 
Во однос на предлог измените на Законот  за такса за привремен престој од Тлер очекуваат наскоро да влезе во собараниска процедура и законодавниот дом.