Skip to main content

До средината од 2016 Лескоец конечно ќе добие фекална канализација

Вака велат од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици. Овој проект од огромно значење за лесковчани се реализира со нешто од повеќе од милион евра, а во моментот се спроведуваат втората и третата од вкупно четири предвидени фази.

 |  Мишел Наумоски  | 
sahti

Лесковчани до крајот на годинава би требало да ја добијат долгоочекуваната фекална канализација. Нешто повеќе од еден милион евра вредниот инфраструктурен зафат во Лескоец, во моментот се наоѓа во втора и трета фаза од неговото спроведување. После извесен период од поставувањето на првите шахти за оваа канализација, непосредно пред почетокот на оваа година, беа започнати зафатите за поставување на потребната инфраструктура за реализација на наредните две фази од овој важен проект за лесковчани.

kanalizacija„Во моментов течат втората и третата фаза од поставувањето и изградбата на фекалната канализација, ги вклучува поголемите улички, поголемите пресеци по целата територија на Лескоец, а четвртата фаза вклучува поставување и изградба на нова фекална канализација по помалите и потесните улички, а временската рамка, од она што го имаме со кореспонденцијата со Министерството за транспорт и врски, е дека некаде кон средината на 2016та година се очекува да завршат сите фази и веќе целото с.Лескоец да има нова фекална канализација.“-рече Љупчо Танески-Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици.

kanalizacija LeskoecИнтензивните врнежи од дожд изминатиов период и веројатно недоволното набивање на земјата каде што се поставувале шахтите за жал создаде проблеми за мештаните. Граѓани кои гравитираат околу локациите каде се поставуваат шахтите, реагираат дека патот кој во најголем дел е земјен пропаѓа на овие локации и со тоа претставува опасност за жителите кои секојдневно поминуваат по овие улици. Од Секторот потврдуваат дека се соочуваат со ваков проблем, иако тврдат дека најголемите проблеми ги имаат со шахтите кои биле поставени во првата фаза од проектот.

Leskoec fekalna„По дојава на надлежните служби од општинскиот инспекторат и при увид на стручните служби од секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, по наш налог, ЈП Нискоградба на почетокот на оваа работна недела се упати кон решавање на овој проблем односно отпочнаа некои помали градежни зафати за санација на пропаднатите шахти во близина на ОУ „Ванчо Николески“, и долж улицата со исто име, а во понатамошниот период доколку временските прилики послужат, ќе се работи на санација и на оние пропаднати шахти долж другите улици во с.Лескоец.“-рече Танески.

Тој потенцира дека проблемите со нерегулираните имотно правни односи кои претходно го кочеа поставувањето на фекалната канализација сега се минато. Овој проблем, според него бил решен со незначителна промена на трасата на која се поставува канализацијата, па наместо на првично зацртаната локација, сега шахтите се поставуваат по средината на улиците. По завршувањето на сите активности за поставување на канализацијата, Танески вели дека ќе следи и асфалтирање на улиците каде истата била поставена.