Skip to main content

Економската клима во Охрид не поволна

Охридската локална економија не може да се каже дека е во добра состојба и кондиција, сметаат стручните лица од Факултетот за туризам и угостителство. Но сепак сметаат дека позитивен сигнал во оваа сфера може да дадат двете Браундфилд инвестиции кои ги имаме во Охрид, ОДВ Електрик и Костал, кои вложија  по 15 милиони евра, а најавија и над 1000 вработувања.

 |  Николоска Биљана  | 



Охрид не може да се пофали со поволна економска клима. Доц. д-р Александар Трајков од Факултетот за туризам и угостителство потсетува дека Охрид во минатото бил град во кој, во доходот учествувале повеќе големи производствени компнии кои пред се занимавале со извоз и ги пласирале своите производи во земјите од  поранеша Југославија, Европа па дури и во целиот свет. Додека пак  денеска имаме мал број производствени компании и во доходот доминираат фирми кои доаѓаат од услужниот сектор, како што е туризмот угостителството, транспортот, образованието, трговијата и правните услуги. Експертите сметаат дека економската состојба е тешка од аспект на двата горливи проблеми невработеноста и иселувањето на младите.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, невработеноста во Охрид е повисока од просечната невработеност во РМакедонија,  тука пред се се мисли на невработеноста на младите. Потоа проблемот на иселувањето на населението кое што е најинтензивно споредбено со другите градови во РМ а се тоа е во тесна врска со првиот проблем. Овие два проблеми се добри индикатори за тоа каква е всушност економската состојба во Охрид“.

Стопанството изминатиов период во Охрид не може да се каже дека е во добра состојба и кондиција, вели проф. Трајков. Додава дека двете нови инвестиции, како и новото автопатско решение Охрид – Кичево, позитивно би можеле да влијаат врз стопанството во Охрид.

„Ќе го зголеми прометот на стоки и ќе понуди алтернатива не само за охридските компании туку и за другите компании во Македонија за користење на пристаништата кои се на Јонското и Јадранското море, пред се тука мислам на Бар и Драч кои што можат да бидат алтернатива и на пристаништето во Солун. Со овие две инвестиции очекувам зголемување не само на вработеноста, туку веќе гледаме според податоците на Заводот за статистика дека најголем дел од извозот во Македонија го создаваат токму компаниите кои се наоѓаат во Технолошко индустриските развојните зони, очекувам точно овие компании да влијаат и на подобрување не само на општата економска клима во Охрид туку и во Р Македонија, преку стимулирање на извозот и подобрување на Бруто домашниот производ да има поголемо влијание“

Сепак Проф. Трајков очекува да се подобри економската клима во Охрид, вели оптимист сум по природа и  се надева на подобра иднина за која ќе мора сите заеднички да работиме.