Авто мото сојузот на Македонија известува дека е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патишта и планински премини и тоа: Планинскиот премин Пресека, планискиот премин Ѓавато, патните правци Струга-граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, патните правци Маврово – Дебар, Стража – Кичево и Тетово – Попова Шапка.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонија Пат. За останатите моторни возила задолжителна е зимската опрема, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови.
Висината на снежната покривка (во см) до 7 часот. 43 Маврово, 34 Лазарополе, 32 Дебар, 31 Пожаране, 25 Крушево, 20 Берово, 18 Тополчани, Тетово, 17 Ѓуриште, 13 Битола, Пожар, 12 Претор, 10 К. Паланка, Штип, 9 Струмица, 8 Охрид, 6 Прилеп, Кавадарци, 4 Виница, 3 Скопје Петровец и 1 Демир Капија.