Skip to main content

Избрана преодната влада, СДСМ не оди на избори

Собранието на Македонија синоќа ја избра новата преодна влада на чело со Емил Димитриев до вонредните парламентарни избори на 24 април.

emikl

Собранието на Македонија синоќа ја избра новата преодна влада на чело со Емил Димитриев до вонредните парламентарни избори на 24 април.

Тој го предложи истиот состав на владата каков што беше и под досегашниот премиер Никола Груевски на кој претходно парламентот му ја констатира оставката што ја депонира во минатата недела. Иако беа предложени од мандатарот Димитриев, на седницата не присуствуваа министрите од опозициската СДСМ за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски.

емилИзвршниот одбор на СДСМ синоќа оцени дека не е прифатливо изборите да се одржат на 24 април без прочистен избирачки список и слободни медиуми и затоа нема да учествува на нив. Претходно македонското собрание донесе одлука да се распушти на 24 февруари. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во вчерашната изјава наведува дека тој би „преферирал консензуална одлука од страна на сите партии“.

„Сега е од клучно значење сите политички и институционални актери во земјата да сторат се што можат да обезбедат фер избори, според демократските стандарди“, оценува Хан во синоќешното соопштение.