Skip to main content

Еврокомесарот Хан бара се да тече според договорот од Пржино

Еврокомесарот Хан загрижен поради неспроведувањето на многу реформи нотирани во извештајот на Прибе, вели дека најдобро би било се да тече според  договорот од Пржино, пренесува „Телма“.

han

Еврокомесарот Хан загрижен поради неспроведувањето на многу реформи нотирани во извештајот на Прибе, вели дека најдобро би било се да тече според  договорот од Пржино, пренесува „Телма“.

„Би било одлично изборите да можат да се спроведат во овој период за кој сите се обврзани. Во секој случај барам од сите страни во земјата да се држат до договорот од јуни и од јули“.

hanХан сепак додава дека на средбата во Скопје бил предложен и и петти јуни како датум за изборите и дека е важно да се гарантираат демократски и фер избори, според европски стандарди. Но, европската унија е загрижена затоа што има значително помалку прогрес отколку што очекувала Унијата во однос на препораките од извештајот на Рајнхард Прибе, кој имаше сериозни забелешки на функцонирањето на институците, следењето на комуникациите, избирачките списоци и корупција и криминал во власта. „ Многу елементи што беа во извештајот на Прибе требаше да бидат исполнети до изборите. Тука навистина се соочуваме со одлагања и барам од сите страни да останат посветени, бидејќи тоа е дел од реформскиот процес. Што побргу се исполнат, земјата ќе биде поподготвена за европските и евроатланските перспективи. Тоа е во рацете на оние кои се одговорни  да се грижат за земјата“.

Еврокомесарот кој во петокот ноќта од Македонија си замина без дефиниран датум за одржување на парламентарни избори, вели дека е потребно реструктуирање на целото македонско општество. Мора да се напушти црно белиот пристап, во демократијата се потребни компромиси, а ако се продолжи вака, тешко ќе се оствари потребниот прогрес за излез од кризата, предупреди денеска Хан.