Студентите од ФТУ за Денот на рибарите подготвија 2000 парчина пача
Студентите од ФТУ за Денот на рибарите подготвија 2000 парчина пача.
Охриѓани и гостите на Денот на рибарите ќе вкусат 2000 парчина пача. Tрадиционално пача се прави за овие денови, подготвена е и ќе им биде поделена на верниците на Сариште, на Денот на рибарите. Во подготовката на пачата ФТУ се вклучува по втор пат, вели професор Ангела Василеска.
„ Се работи за макотрпна работа. Се подготвува голема количина и продукти што треба да се изработат, но ние не се откажуваме тоа ни е предизвик. Како факултет ги поддржуваме овие настан,чест ни е да сме дел од манифестацијата како учесници, помагатели и партнери. Нашите чувства ги пренесуваме на студентите кои одговорно ја прифатија задачата“, напоменува професор Василевска.
Традиционалната пача ја подготвија вработените и студентите од одделот на гастрономија, диетика и исхрана при факултетот за туризам и угостителство, посочува асистентот Климент Наумов. Наумов напоменува дека варењето на месото и продуктите биле потребни 30 шерпи и 1,5 тони вода.
„ 36 часа се работеше без прекин. Несебичното залагање на двајца студенти кои придонесоа Ивица Андревски и Ѓорѓи Петкоски кои заедно со 8 студенти воизминативе денови цело деноноќие беа присутни на ФТУ и ја спремаа пачата. Беа ангажирани во обезкостување на месото, варењето, спремањето во мали чинии се до ставањето во нив за да се стврдне пачата“, вели Наумов.
За подготовкатат на 2000 парчиња пача биле донирани и употрени две свињи од по 100 кг, 60 кг телешко месо, 50 кг свински нозе, 40 кг морков и по 5 кг лук и сол.