Skip to main content

Ансамблот „Билјана јуниор“ е дел од манифестацијата Ден на рибарите

Aнсамблот „Билјана јуниор“ е дел од манифестацијата  Ден на рибарите.

 |  Валентина Неловска  | 
saraiste

Сарaиште е подготвено за утрешниот ден кога се прославува Денот на рибарите. Подолго време манифестацијата  која се одржуваше на градскиот плоштад ќе се пренесе на оваа локација. Во  одбележувањето  на денот ќе се вклучи и ансамблот Билјана јуниор кој ќе исполни охридски староградски песни.


biljana„ Трета година како настапува Билјана Јуниор на Водици на 19 и 20. Сите музичари настапувавме на пристаниште, но по неколку години музичкиот настан се враќа на старата локација каде што се прославува Денот на рибарите на Сараиште. Ќе ја имаме таа чест оваа година ние да бидеме почестени како ансамбл  да ја пружиме забавата на охриѓани“, напоменува Поп Стефанија.    

Огромна  е честа што настапуваме, а репертоарот на ансамблот е веќе внимателно избран, вели младиот охридски музичар Поп Стефанија. Додава дека на годишениот концерт ќе бидат изведени староградски нумери од нивното ново цеде кое наскоро треба да излезе во продажба. На него ќе се најдат подзаборавени песни кои ги изведувал ансамблот Билјана, а денес  ретко кој ги знае.

saraiste

„ Ќе ги изведуваме „ Алија со тамбурата“, „Влегло моме во градина“, „Стани ми Ленче отвори“, песна која култниот ансамбл Билјана требало, а  не ја снимил  за Југотон во 1991 година, и секако старите охридски песни „Деспина“ или „Од умот се под изгубив“, без кои не може да се замисли една ваква веселба“, вели Поп Стефанија.

Ансамблот „Билјана јуниор“ го сочинуваат четворица млади музичари  од Охрид, Христијан Томески гитара, Андреј Лаброски контрбас, Ангел Трајкоски виолина и хармоника  Јован поп Стефанија.