Skip to main content

Костелиќ и Рајх и натаму на врвот во Светскиот куп

Во вториот спуст по ред во Квитфјел водечките во вкупниот поредок Ивица Костелиќ и Бенјамин Рајх не успеаја да направат нешто забележително (првиот беше 43. вториот се откажа), па остануваат на делба на првото место во генералниот пласман со по 837 бода.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ivica Kostelic
Ивица Костелич
Во вториот спуст по ред во Квитфјел водечките во вкупниот поредок Ивица Костелиќ и Бенјамин Рајх не успеаја да направат нешто забележително (првиот беше 43. вториот се откажа), па остануваат на делба на првото место во генералниот пласман со по 837 бода. Тоа го искористи Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал (беше 14.), кој им се приближи на осум бода.

Победата ја однесе австрискиот адут Клаус Крол, кој патеката ја мина за 27 стотинки побрзо од својот сонародник Михаел Валхофер. На најниското место на подиумот застана Канѓанецот Мануел Осборн Парадис. Вчерашниот супервелеслалом беше откажан.

Вкупен поредок

1. Ивица Костелиќ (Хрв) 837
2. Бенјамин Рајх (Авс) 837
3. Аксел Лунд Свиндал (Нор) 829

Слаломскиот глобус за Риш

Ivica Kostelic Со петтото место во слаломот во германскиот Офтершванг Германката Марија Риш го осигура малиот кристален глобус во најтехничката дисциплина.

Но, од друга страна на четири трки пред крајот има огромен минус од 369 бода во генералниот пласман во однос на Американката Линдзи Вон, што само теоретски не значи збогување со титулата.

Инаку, овој слалом никогаш нема да го заборави Французинката Сандрин Обер, која ја оствари својата сензационална прва победа во кариерата, но и за прв пат беше на подиумот. Таа совршено возеше и ги остави зад себе Швеѓанката Хандотер и Хосп.

Најдобрите од првото возење Линдзи Вон и Катрин Цетел не успеаја да ја завршата втората трка.

Вкупен поредок

1. Линдзи Вон (САД) 1588
2. Марија Риш (Гер) 1219
3. Ања Персон (Шве) 990

 

 

 

{loadposition content9}