Сончевиот систем има уште едно „чедо“?
Двајца астрономи од Калифорнискиот институт за технологија тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем. Планетата привремено се нарекува „Деветта планета“, пишува „Washington post“.
Двајца астрономи од Калифорнискиот институт за технологија тврдат дека откриле нова планета во Сончевиот систем. Планетата привремено се нарекува „Деветта планета“, пишува „Washington post“.
Се работи за замрзнат гигант, кој е трипати поголем и десетпати потежок од Земјата. Планетата се крие на самиот раб на Сончевиот систем.
Астрономите Мајкл Браун и Константин Батигин, чие истражување било објавено во „Astronomical journal“, наведуваат дека сè уште директно не ја набљудувале оваа оддалечена планета, но имаат доволно докази за нејзиното постоење.
Оваа планета навистина постои, а тоа било заклучено врз основа на движењето на неодамна откриените џуџести планети и помали вселенски објекти надвор од Сончевиот систем. Овие мали вселенски тела имаат орбити на кои влијае гравитацијата на скриената планета.
Астрономите сметаат дека набљудувањето на оваа планета е речиси невозможно бидејќи е пооддалечена од Нептун 20 пати и 10 илјади пати помалку светла од Плутон.
Инаку, од античкото време до денес, човекот открил само две планети, а оваа би била третата.