Поразителна здравстената слика на населението за 2014 во регинот кој го покрива охридскиот Центар за јавно здравје. Обработени се податоците кои укажуваат колкава е стапката на наталитетот и морталитетот, но и каква е сликата со заболувањата кај населението, кои се најчестите болести од кои страда населението од сите возрасни категории и кои се препораките за првенција. Во 2014 година во регионот на Охрид, Струга и Дебар се родиле 1650 бебиња. Стапката на смртност кај доенчињата на подрачјето на Охрид е најниска со 6,7 проценти , информира д- р Слободанка Коцевска од Центарот за јавно здравје.
„ Стапката на наталитет на целата територија е 10,5 промили, но најниска е во Охрид и изнесува 9,5 промили. За разлика од стапката на наталитетот стапката на морталитет е највисока во Охрид и изнесува 11,6 промили или 654 умрени во 2014. Загрижува и состојбата со природниот прираст во Охридското подрачје тој е негативен минус 64 ,а таков беше и претходната година што значи населението прогресивно старее и се намалува“, информира д- р Слободанка Коцевска од Центарот за јавно здравје.
Во морталитетот кај предучиличшните деца доминираат респираторните заболувања, а следуваат болестите на крв и крвотворните органи со стапка од 224, 4 промили. Со систематските прегледи биле опфатени 97,8 од сто од учениците. При тоа кај учениците од 14 години се среќаваат зголемена тежината, подоцна со драстични диети тежината се намалува под оптимумот. Кај средношколците пак се среќаваат деформитети на рбетниот столб со 10,5 проценти. Причини се слабата физичка активност и многу време поминато пред компјутер.
Најчеста причина за смртност во 2014 кај насeлениeтo над 25 години, како и во претходната година, се болестите на циркулаторниот систем со 77,9 промили,односно на 1000 жители, 77 боледувале од кардиоваскуларни заболувања, а веднаш зад нив следат неоплазмите на крв, информира д-р Коцевска.
„ Во сите три болници во Охрид се лекувале 14.918 лица со просечно лекување од 7,7 денови. Најчесто биле хоспитализирани заради респираторни заболувања со стапка од 615,6 промили. Следуваат болестите на циркулаторниот систем со 523,3 промили. Сите останати заболувања се далеку под овие стапки“, вели Д-Р Коцевска.
Во Охрид е највисока и стапка на болести на ендокриниот ситем и метаболните заболувања во споредба со Дебар и Струга. 326 охриѓани од 1000 жители имале проблеми со ендокриниот систем, а 266 со метаболните заболувања.