Skip to main content

Само употреблива облека да се одлага во контејнерот на Црвен Крст

Во контејнерот за облека кој веќе година дена е поставен пред Црвениот крст, покрај употреблива се остава и неупотреблива облека. Од Црвениот Крст со апел, сите оние кои сакаат да донираат облека да имаат во предвид дека облеката мора да биде добро зачувана а контењерот за донирање да не се употребува за ослободување од искината облека.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Контејнерот за облека веќе година дена е поставен пред Црвениот Крст во Охрид. Со него им се овозможува на граѓаните, после работното време на Црвениот крст, односно после 16 часот, како и за викендите, да ја одлагаат облеката која сакаат да ја донираат. Сашо Точков, претседателот на Црвениот крст, вели дека задоволни се од она што го донираат охриѓани но имаат и одредени забелешки, односно облеката 30% е неупотреблива.

„Наоѓаме доста материјали кои што навистина не се за никаква употреба, искрено кажано не можат да послуѓат дури ни како крпи. Од таа причина апелираме и бараме од сите оние кои што имаат желба, сакаат, можат и имаат дома употреблива облека не мора да е пеглана но  да е чиста и да не е скината, можат да ја донираат и во просториите на Црвениот Крст и во контењеров“.

Точков информираше и за еден немил настан кој се случил во текот на изминатата ноќ. Несовесни лица и нанесле голема штета на оваа хуманитарна организација.

„Амбуланското возило на Црвениот крст е направена штета од незнам кој лица. Веќе е покрената постапка како што треба пред органите и се надевам дека ќе се најдат сторителите. Апелирам пред се до младите луѓе, својата енергија, својата „креативност“ бидејќи овде нема креативност да ја насочуваат конх другите програми на Црвениот Крст, а не кон уништување на општественото добро“

Точков нагласи, на сите треба да ни е јасно дека амбулантското возило служи за транспорт, пренос, за интервенции во укажување на прва помош. Исто така кажа дека сторителот или групата кои го направиле тоа, со цел да се избегне судската процедура сами да се јават во Црвениот Крст, со цел да се изнајде заеднички јазик, бидејќи настанот е регистриран на безбедносните камери.