Од најавите пред девет години до денес, Волво отствари голем напредок и претстави бројни безбедносни опции во своите автомобили, а во следните неколку години ќе продолжи со развојот и со имплементација на новите опции до 2020 година кога во продажба ќе имаат автомобили со напредни автономни можности со кои ризикот од несреќи ќе биде сведен на минимум.
Ова се некои од технологиите кои денес делумно се применуваат и од кои може да се очекува да бидат имплементирани во возилата на Волво.
Сензори за воочување на пешаци – сензорите во автомобилите ќе препознаваат пешаци во близина и во случај пешакот да е преблизу до автомобилот ќе го предупреди возачот, односно ако нема време за предупредување автомобилот ќе закочи автоматски.
Сензори за препознавање на велосипедисти – опција која е слична на препознавање на пешаци која на ист начин предупредува за близината, односно автоматско кочење кога велосипедистот се наоѓа преблиску до автомобилот.
Радар и сензор кој одржува безбедно растојание помеѓу возилата – возачот ја одредува сам брзината на движење, а автомобилот сам ќе ја контролира папучата за гас и кочниците и ќе внимава автомобилот да не се приближи премногу до возилото кое се наоѓа напред.
Опција за одржување на автомобилот во внатрешноста на лентата – оваа технологија ќе спречи неконторлирано преоѓање во друга лента на автомобилот.
Предупредување за мртов агол – ако возачот сака да ја промени лентата, сензорите во автомобилот ќе го предупредат возачот за други возила кои се наоѓаат околу автомобилот за да спречат потенцијален судир.
Технологија за избегнување судир – камери, радари и останати сензори навреме ќе препознаат ситуација која би можела да предизвика судир и ќе се вклучи автоматско кочење.
Сензор кој спречува судир кога автомобилот се враќа наназад.