Мистериозни места кои Google Earth не сака да ги знаете
Google Earth вели дека го имаме светот на дланка, но…
Мистериозните места на Google Earth, тврдат поборниците на теории на заговор, се скриени градови и подрачја на кои се спроведуваат тестирања на вонземјани, се пикселизирани, а некои се дури и потполно избришани од мапата.
Порталот news.com.au составил листа на такви забранети подрачја кои “исчезнале” од мапата.
Haarp (границата помеѓу Вашингтон и Орегон) – Американските воздухопловни сили во 2014 година го затвориле контроверзниот објект во кој се спроведуваа истражувања поврзани со јоносферата. Некои теоретичари на заговори мислеле дека во Haarp се контролира времето, а лидерот на Венецуела, Хуго Чавез, изјавил дека Haarp, или неговата програма, предизвикал потрес на Хаити.
Таен град во Русија – Во сибирската тундра се наоѓа подрачје кое е замаглено, а никој не знае зошто. Најблискиот град е Егвекинот. Во Русија во 1986 година се затворени десетици градови кои имале повеќе од еден милион жители. Градовите покрај името имале и свој број, како на пример Арзамас 16, во кој живееле инженери за нуклеарна енергија.
Затворот Portlaoise во Ирска – Станува збор за затвор во кој биле сместени најопасни криминалци. На Google мапата не е замаглен, но ако се погледне одблиску, боите не се совпаѓаат со околината.
Фарски острови, Данска – Овој архипелаг е формален дел од Данска, иако има автономна власт, а се состои од 18 острови со вулканско потекло. На мапата дел од островот недостасува, а меѓу нив и воената база од Втората светска војна на островот Vagar. Никој не знае зошто е тој дел од островот, на кој живеат 50.000 жители, пикселизиран, а една од причините за која се нагаѓа е риболовот.
Szazhalombatta рафинерија во Унгарија – Рафинеријата побарала од Google да ја обои во зелено, а нејзините објекти се отстранети од сателитските снимки, но никому не му е јасно зошто е направено тоа.
Kangtega во Непал – Kangtega е највисок врв на Хималаите на подрачјето на Непал, а на мапата на Google е затемнет.
Воздухопловната база Volkel во Холандија – Поранешниот премиер Ruud Lubbers тврдел дека таму се наоѓаат 22 нуклеарни бомби, меѓу нив и термонуклеарната бомба В61 која е наводно четири пати посилна од оние кои се фрлени на Хирошима и Нагасаки. Подрачјето на Volkel е замаскирано на GoogleEarth, пренесува Daily Mail.


