Сите сакаат свој уредник во МРТВ
ВМРО-ДПМНЕ предлага сто дена пред секои избори во Македонската радио телевизија да има по двајца уредници – еден од власта, еден од опозицијатa, пренесува „Телма“.
ВМРО-ДПМНЕ предлага сто дена пред секои избори во Македонската радио телевизија да има по двајца уредници – еден од власта, еден од опозицијатa, пренесува „Телма“.
Овој предлог на изненадување на претставниците на останатите три партии синоќа им бил изложен во клубот на пратениците. Според СДСМ, иако не е елаборирано пошироко, тоа би значело дека на првата програма на телевизијата би имало двајца уредници, еден од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ, додека на вториот канал би имало исто така двајца уредници, еден од ДУИ и еден од ДПА. Не било соопштено дали ваквиот избор на уредници ќе значи суспендирање на уредниците кои редовно ја вршат функцијата. И уште едно изненадување приреди ВМРО-ДПМНЕ со предлогот, кој е наводно комбинација на словенечко – белгиски – германски модел, во предизборната кампања партиите простор да добиваат согласно на резултатите од последните избори. Од СДСМ велат дека иако предлогот не е фер, дека дополнително е ништовен бидејќи се судира со ставот на партијата која не ги признава резултатите од последните избори и поради што дојде до преговорите во Пржино.
ВМРО-ДПМНЕ не изнесе предлози во однос на Советот на МРТВ. Владејачката партија смета дека треба да се разговара за Закон за владиното рекламирање иако во овој период, како резулат на договор меѓу работните групи, нема платено рекламирање на медиумите. За финансирањето на МРТВ се предлага незначителна промена – радиодифузната такса да остане, а издвојувањето од буџетот од сегашните 0,14 отсто од буџетот да се зголеми на 0.17. Владејачката партија смета дека треба да се разговара за Закон за владиното рекламирање иако во овој период, како резулат на договор меѓу работните групи, нема платено рекламирање на медиумите
Владејачката партија предлага да не се менува бројот на членови во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовиуелни услуги, по двајца членови да предложат ЗНМ и МАН, при што еден од двата члена да биде избран од националните телевизии. Останатите тројца членови би ги пополниле Интеруниверзитетската конференција, МАНУ и Адвокатската комора. Како би се вршел изборот на директори во МРТВ и Агенцијата не е даден предлог. Тоа што ги интересира интернет медиумите, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека како и сите медиуми, и порталите ќе мора да се регистрираат како трговски друштва.
СДСМ начелно го поддржува предлогот на медијаторот Питер Ванхауте, членовите на регулаторните тела да се избираат со двотретинско мнозинство во парланментот, откако кадровските предлози претходно би добиле поддршка од две невладини организации, односно новинарски или новинарско синдикални организации. Кога во прашање се ДУИ и ДПА тие се воздржани во однос на регулацијата на медиумите, но бараат вториот канал на МРТВ да биде комплетно на албански јазик.