Изградбата на совремниот градски пазар за јануари се одлага, сега се најaвува за март.
Изградбата на совремeниот градски пазар за јануари се одлага, сега се најaвува за март.
Се одлага јануарскиот старт на изградба на совремeниот градски пазар. Градежната фирма АД„Илинден“ најавува нов термин за старт на изградбата на градскиот пазар. Темелите најверојатно ќе се поставуваат во месец февруари или најдоцна до почетокот на месец март.
Досега од АД Илинден доцнењето со градењето го лоцираа кај институциите каде што чекале одобренија , како што се Министерството за транспорт и врски и во НУ Завод и Музеј. Од Завод и музеј тврдат дека нивната работа е завршена.
„Завод и Музеј и Управата за заштита на културното наследство ги издадоа сите потребни документи Требаше да се направат претходни археолошки истражувања.Во најкоректно време ги направивме, завршивме со проектот се доставија до Управата и се доби претходно конзерваторко одобрени и се достави основниот проект. Пред два месеци сите потребни докум,енти за изгрдба на пазарот се завршени, вели Тања Паскали Бунатшеска.
Сопственикот на АД Илинден, Радован Трајкоски, во телефионски разговор за ТВМ информира дека се чека одобрение од Министерството за транспорт и врски. Трајкоски вели дека проектот мора да претрпи одредени измени кои се однесуваат на геомехничките испитувања на локацијата на објектот. Не смее да копаат подлабоко од 4 метри. Подземните гаржи за паркирање ќе бидат пониски , но ќе се примени нова техника со подигање на возилата.
Приватниот партнер на локалната за изградба на пазарот, АД Илинден од Струга, на тендерот за избор на економски оператор за општината понуди изградба на зелен пазар на приземјето во вкупна површина од 1233 метри квадратни, десет паркинг места во подземниот дел и 200 метри квадратни деловен простор на вториот кат. Инаку според јавниот оглас за избор на економскиот оператор кој локалната го објави кон крајот на 2014 година, проценетата вредност на административно деловно трговската зграда која вклучува изградба на затворен зелен пазар изнесува околу 3 милиони евра.