Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со полни раце работа
Многу планови и проекти најавува новиот директор на Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски. Направена е внатрешна реорганизација како во програмското оделение така и во народниот театар со цел максимално искористување на човечките ресурси. Во текот на оваа година охридскиот театар треба да реализира три премиери и да одигра 100 претстави.
Новиот директор на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Горан Стојаноски со полни раце работа. За овој неполн месец од кога е поставен на оваа функција во оваа институција се направи внатрешна реорганизација како во програмското оделение така и во народниот театар. Изготвени се акт за внатрешна организација и за внатрешна систематизација и сето тоа веќе е поминато во Министерството за култура.
Во иднина сите овие луѓе кои работат во администрација ќе си ги добијат соодветните места. Намерата ми е убаво внатрешно да се распопредат за да можат да се постигнат подобри резултати во работењето а нивните капацитети максимално да се искористат, вели Стојаноски.
Во текот на оваа година охридскиот театар треба да реализира три премиерии и да одигра 100 престави. На репертоарот ќе се стави преставата Господинот благородник од Молиер во режија на Деана Николовска, Дениција од Петре М. Андреевски во режија на Константин Плевнеш и Парламентарки од Аристофан во режија на Ненад Витанов. Веќе во февруари треба да започне подготовката на Парламентарки, а до крај на февруари треба да се одигра премиера на една детска престава. Се подготвува и мала копродикција со Никола Тодороски која треба да биде прикажана првата недела од месец март. Стојаноски кажува дека технички се осовременуваат . Веќе се монтира новата дигитална миксета која е и светлосна и тонска и со која ќе се добие една брзина во дејствувањето на самите сцени. Добиени се и дваесетина рефлектори како и две други миксети кои ќе се инсталираат во наредниов период. Директорот на Центарот за култура вели дека се прават напори да се подобрат условите за работа и да се стимулираат вработените во извршувањето на своите задачи.
Пред се се залагам за тимска работа и за транспарентност. Се треба да е отворено и да се зборува за проблемите со кои се соочуваме како полесно би ги решиле. Секојдневно правиме серија состаноци и мислам дека сме на добар пат ад создадеме една добра екипа која ќе си ги знае своите обврски и задолженија, вели Стојаноски.
Директорот на НУ кажува дека покрај театарот тие ќе се залагаат за подобрување и на останатите манифестации кои се под нивна капа како на пример Балканскиот фестивал, Охридските староградски средби и активностите на гардскиот хор. Тој е многу задоволен и од најавениот проект од страна на ресорното министерство за изградба на нова зграда каде ќе биде сместен центарот за култура и театарот. На тој начин ова ќе стане една уште посериозна и помоќна институција. Стојаноски кажува дека и покрај обврските како директор нема да ја напушти театарската сцена. Публиката повторно ќе може да го гледа на штиците што живот значат, но неговите улоги сега ќе бидат поредуцирани од порано.