Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава
Српската заедница во Охрид го одбележа празникот Св. Сава.
По 9-ти пат членвите на српско- македоското друштво Коштана од Охрид го прославија парзникот Св Сава. За српката заедница во Охрид парзникот Св Сава има посебно значење, напоменува Сречко Стојановиќ претседател на српско – македонското друштво Коштана.
„ Св. Сава се издвојува од другите светители како еден од поважните во нашата историја. Тој е прв дипломат кој успеал од Византија да ја издвои Печката патријаршија како самостојна српска православна црква “ подвлекува Стојановиќ.
Во Коштана има околу 320 членови кои заеднички го одбележуваат и празнуваат Св Сава. Се осветува колач и пченица, а вредните домаќинки подготвуваат богата трпеза.
„Ние го прославуваме како слава на здружението традиционално по 9 пат. Од донесувањето на Законот во Македонија со кој Св. Сава се прогласи за државен празник на срската заедница“, посочува Стојановиќ.
Во Охрид, и покрај тоа што не е направен попис, се претпоставува дека живеат околу 700 Срби, нагласува претседателот српско – македонското друштво Коштана