Синоќешната ракометна драма од првите редови ја проследи и хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ која своите доживувања ги сподели со стотици илјади корисници на најпопуларната мрежа Facebook.
Пред натпреварот, за време додека малку кој веруваше во чудо и победа на Хрватска со минимално 11 голови разлика пред преполна сала на полски навивачи, претседателката носеше дрес на Домогој Дувњак и ги поздрави пред излегување на теренот. Ова видео претседателката го пропрати со објава “За нашата Хрватска”, а бројни корисници на Facebook го споделија и го коментираа ова видео кое е прегледано скоро 450 илјади пати и кое доби повеќе од 30 илјади лајкови.
По величенствената победа, Колинда Грабар се придружи на играчите и повторно објави видеo-запис со порака “За својата Хрватска! Браво момци, И честитка до Полјаците на пеењето на својата химна и на поддршката на својата репрезентација”. Ова видео е прегледано скоро 400 илјади пати,а бројот на лајкови постојано се зголемува и надмина 40 илјади.
Со овие две објави и видео-записи Колинда Грабар Китаровиќ потполно го освои Facebook со кое покажа како се претставува својата татковина,а тие два видео-записи за кратко време се прегледани над 700 илјади пати, а над 70 илјади го лајкувале.
Видео записите можат да се видат на следниот линк.