„Деновите на тетрис“ на Александар Бимбилоски
Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ на 30 јануари, со почеток во 20
часот, беше отворена изложбата на фотографии „Деновите на Тетрис“, која е
исклучително интимно гледиште на еден светски патник претставено низ
призма на фотозапис.
Во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ на 30 јануари, со почеток во 20
часот, беше отворена изложбата на фотографии „Деновите на Тетрис“, која е
исклучително интимно гледиште на еден светски патник претставено низ
призма на фотозапис.
Алек Бимбилоски, кој живее и работи во Охрид, престојувајќи во значајните
светски културни центри, како Париз, Њујорк, Истанбул, успева да ги отслика
миговите и животот на поединци од супкултурното милје во едно поранешно
време. Во исто време авторот ја задржува и врската со своите корени во
Македонија и преку одредени симболики компарира и поттикнува дебата и
буди спомени.
Изложбата е вешто осмислена компилација на фотографии, регистрирани со
аналоген фотоапарат, со која се претставени интимни ситуации, а дел од нив
се сметаат и за крајно провокативни. Експлицитноста и јачината на пораката
од фотографиите поттикнуваат критика и навраќање кон минатото, кон ерата
пред дигиталната фотографија и интернетот.
Алек Бимбилоски има објавувано фотографии на групните изложби „Модерна
Турција“ во „Petit Palais“ во Париз, „Сонот и градот“ во Центарот на Модерна
уметност „Le Blanc Mesnil“, „Борба“ во Антверп, како и за списанијата
„L’O@ciel“ и „Jalouse“ во Париз, „Vogue“ во Италија, „Flaunt“ во Њујорк.
Центарот „Јавна соба“ е отворен секој ден од 9 до 24 часот.