Skip to main content

Каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов

Сеуште нема официјални податоци како измина мнинатата година за јавните претпријатија во градов. Се чека да се изработат завршните сметки па да се види во каква кондиција се наоѓаат. Од Локаланата велат дека полека, но сигурно се стабилизира финансиската ситуација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Се чекаат завршните сметки за да се види каква е состојбата со Јавните претпријатија од градов. Граѓаните прашуваат во каква кондиција се наоѓаат, дали работат рентабилно, дали имаат загуба во работењето, но од Локалната самоуправа сеуште немаат комплетни податоци за тоа. Велат дека  се обработуваат бројките со кои јавните претпријатија ќе излезат пред граѓаните и ќе дадат отчет.

Ние знаеме дека најтешка е ситуацијата во МЈП “Проаква“, па потоа во ЈП „Комуналец“, а најповолна е во ЈП “Нискоградба“, „Градски гробишта“ и „Градски пазар“, но  конкретни податоци сеуште немаме. Во секој случај состојбата во јавните пртпријатија полека но сигурно се подобрува, а општината ги поддржува во тоа, објаснува Томе Џамтоски, портпарол на Локалната самоуправа.

Џамтоски рече дека во МЈП „Проаква“ се превзеле и конкретни мерки правејќи нова систематизација со која се редуцирале седумте сектори на три  со што се избегнало преклопувањето на функциите и одговорностите во работењето. Преземени се мерки и за постепено намалување на вработените. Во 2015 година во Водовод Охрид има вкупно 268 вработени кои сите се во редовен работен однос. За споредба во 2013та имало 280 вработени од кои 276 биле во редовен работен однос, а 4 биле со договор.

Со сите овие активности МЈП „Проаква“ перманентно од 2013та година бележи позитивен тренд во своето работење, а намалување на бројот на вработени, вели Џамтоски.

Од Локалната самоуправа ветуваат дека во текот на овој месец и останатите  јавни претпријатија од градов ќе излезат со извештаи за своето работење бидејќи тоа е нивна должност кон граѓаните.