Skip to main content

Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање

Филигранскиот занает во Охрид е во нагло изумирање.

 |  Валентина Неловска  | 

ацоАцо Димитриески, познатиот охридски  филигранист вели во Охрид филигранскиот занает во моментов е во нагло изумирање. Тој повеќе од 2 децении изработува филигрански накит и ја продолжува семејната традиција на неговите дедо и прадедо Диноски, стара повеќе од 200 години.  Во последниве 5 години никој од помалдите не се инетерсира да го учи занаетот. Во моментов на прсти може да се избројат млади филигранисти. Во занаетчиската комора нема само филигранисти туку изработувачи на накит  и бижутерија, додава  Димитриески.  

 „ Интересот  за изучување на филигран е многу слаб. Младите не гледаат многу перспектива во нашата  дејност. Со  самата екононска состојба во беспарица тешко се доаѓа до пари, а младите сакаат побрзо да се збогатат. Нашата работа  е макотрпна и бара целосно  посветување на занаетот. Се работи за уметност која не може секој човек да ја работи, треба подого време упорно да се учи за да се направи производ кој ќе се пласира на пазарот, “ напоменува Димитриески.
 
ацоВрвните мајстори филигранисти се смета дека потекнуваат  од  охридско- струшкиот-  ресенскиот регион. За ваквата очајна состојба во филигранството  Димитриески вината  ја гледа и кај нив занаетчиите, ама и во Законот  за занаетчиски дејности и незаинтересираноста на локалниот економски развој на општината. Без финансиска поддршка во материјали и алати неможеме да го споделиме нашето знаење на помладите , вели Димитриески.

„ Подолго време како занаетчија сум се залагал да организираме проект, но и до  самата општина и  локалниот екомоски развој да посветат повеќе внимание. Ние како занаетчии сме отворени да направиме паралелки за едукација на филигран. Во Скопје функционира, но со донација на турската влада за да го изучат занаетот, но кај нас тоа не е случено.  Се надевам дека со овој апел  занаетчиите ќе пројават желба за да направат проект заедно со локаниот економски развој за да можеме да ги анимираме младите луѓе“, вели Димитриоски.
    
Охридскиот филигранист  Ацо Димитриески се надева дека изумирање на филигранскиот занает нема да дојде доколку придонес  даде и државата преку измените во  Закон за занаетчиска  дејност. Со  измените занаетчиите се надеваат  дека  наскоро ќе  имаат  калфи  кој ќе ја продолжат  традицијата на гоелм број занаети.