Skip to main content

Куќата на Момирови годинава нема да се реконструира

Куќата на Момирови  годинава нема да се реконструира.

 |  Валентина Неловска  | 
момирови

На улица Илинденска, во близина на античкиот театар, е куќата на Момирови  во сопственост на НУ Завод и Музеј.  Забот на времето остава траги врз куќата на која видливо  се оштетени кровот и прозорите. Од ден на ден објектот добива изглед на  запоставена  и неискористена куќа.

Во последниве две- три години се реализираат проекти со кои ресорното министерство обновува  фасади, кровови и статичко зајакнување на куќи во центаралното градско јадро. Oд НУ Завод и музеј имаат објаснување  зошто куќата  која е во нивна сопственост годинава не влегла во планот за реконструкција.

„ И таа е влезена во програмата, но за следната 2017 година за да се направи целосна конзерваија на објектот.  Има мал дел за разрешување на имотно правни односи на два објекти. Постапката  е во тек и по завршувањето на таа постапка ќе направиме целосна конзервација на куќата на Момирови. Потоа ќе следат ископувања на Антички тетар  каде што се наоѓаат обејктите кои треба да се експроприраат “, подвлекува директорката на НУ Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.    

момировиИ додека  Куќата на Момирови ќе  чека на обнова догодина,  низ градското јадро и годинава продолжува проектот со кој неколку староградски  куќи ќе добијат нов лик.
 
„ Тоа е куќата на Драги Рауник, на која ќе се интервенира на кровот и фасадата,  куќата на Маринови, Коле Котуше и Димзови, кој ќе добијат статичко зајакнување, фасади и кровови. Оваа година ќе се реализира и последната фаза на куќата на Ајри Доко, а во Струга ќе се обноват куќите на Несторови и Ружа“, посочува Паскали Бунташеска.      

Покрај санацијата на  куќите со староградска архитектрура, годинава во планот на НУ Завод и Музеј е предвидено да се интервенира и во Музејот Робевци.  Во куќата на Робевци ќе се интревенира на ентериерот. Ќе се направи доопремување со нови витрини и нови музејски поставки.