Skip to main content

Асфалтирање на ударните дупки и реконструкција на тротоарите на „АСНОМ“

Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици велат дека во моментот немаат средства за целосна реконструкција на коловозот. 

 |  Мишел Наумоски  | 
asnom

Улицата „АСНОМ“, една од најдолгите улици во градов, годинава ќе помине само со крпење на ударните дупки. Жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна и темелна реконструкција по теркот на неодамна реконструираните „Питу Гули“ и „Ристо Чадо“.

asnom asfaltiranje„Во тековната 2016та година покрај предвидената реконструкција на тротоарските површини, планираме и крпење на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“ во рамките на тендерот кој што се приготвува во одделението за јавни набавки за крпење на ударни дупки, прекопи и навлаки на улиците на територијата на Охрид, каде што посебен акцент во рамките на оваа јавна набавка ќе биде ставен на крпењето на ударните дупки долж улицата „АСНОМ“.“-вели портпаролот на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, Љупчо Танески.

Во годишната прорама на Секторот за комунални дејности за оваа година што се однесува оваа улица, предвидени се посериозни зафати околу реконструирањето на тротоарите кои за волја на вистината во некои делови од истата и воопшто ги нема.

asnom trotoari„Долж улицата „АСНОМ“ е предвидена реконструкција на тротоарските површини, поточно на делот од тротоарските површини кои што се најмногу оштетени имајќи предвид дека освен за моторни возила, оваа улица е исто така една од оние пешачки артерии кои ја поврзуваат периферијата со кејот „Македонија“ пред се, а со тоа и со најфреквентниот дел од територијата на градот, а тоа е кејот и плоштадот и чаршијата.“-рече Танески.

Тој вели дека барем засега, жителите на оваа улица ќе мора да почекаат за нејзина целосна реконструкција, односно реконструкција и на коловозот бидејќи за тоа сеуште не се обезбедени средства, но потенцира дека штом тие средства се обезбедат, локалната би започнала и со реконструирање и на коловозот на улицата.